Тука ќе ги најдете формуларите за пријава на штета во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД, заедно со список на потребни документи и упатство за пријава на штетата. Изберете го типот на осигурување по кој треба да пријавите штета, и внимателно прочитајте кои документи се потребни освен пријавата. Пријавата можете да ја симнeте и да ја донесете пополнета со останатите документи кога ќе ја пријавувате штетата во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД.

Потребни документи за пријава на штета

Автомобилска Одговорност-Зелена карта и Гранично осигурување (материјална штета)

  • Пријава за штета,
  • Записник од МВР, задолжително со скица, фотодокументација и резултати од извршено алкотестирање-дрегер од учесниците во незгодата
  • Изјава од возачите за начинот на кој се случила незгодата (посебно е важна изјавата на нашиот возач)
  • Сообраќајна дозвола од учесниците
  • Возачки дозволи од учесниците-возачите
  • Комисики записник и фотографии за процена на оштетувањата
  • Трансакциска сметка

Дополнителна документација која може да биде побарана од страна на друштвото

  • Фактури од поправка на возилото
  • Банкарски податоци-свифт на која се уплаќаат средствата од оштетното побарување
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Автомобилска одговрност од  трети лица со Европски записник

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола од двајцата учесници
  • Фотокопија од возачка дозвола од двајцата возачи
  • Осигурително покритие на полисата од двајцата учесници
  • Изјава за функционер од сопственикот на оштетеното возило
  • Ијзава/Известување за околностите на случената сообраќајна незгода од двајцата учесници
  • Пополнет и потпишан европски записник од двајцата учесници
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

 

Дополнителна документација

Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Автомобилска одговрност од  трети лица со европски записник (материјална штета)

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола од двајцата учесници
  • Фотокопија од возачка дозвола од двајцата возачи
  • Осигурително покритие на полисата од двајцата учесници
  • Изјава за функционер од сопственикот на оштетеното возило
  • Ијзава/Известување за околностите на случената сообраќајна незгода од двајцата учесници
  • Пополнет и потпишан европски записник од двајцата учесници
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

 

Дополнителна документација

  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Автомобилска одговорност од трети лица со полициски записник (материјална штета)

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Осигурително покритие на полисата
  • Изјава за функционер од сопственикот на оштетеното возило
  • Полиски записник за извршен увид од сообраќајната незгода
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

 

Дополнителна документација

  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот
  • Документација за поправено возило – фактури
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Задолжителни документи за пријава на штета по основ на Автомобилска Одговорност, Зелена карта и Гранично осигурување (нематеријална штета)

  • Пријава за штета
  • Записник од МВР со скица, фотодокументација и задолжително резултати од извршено алкотестирање-дрегер на учесниците во незгодата,
  • Целокупната медицинска документација од денот на незгодата
  • Трансакциска сметка

Дополнителна документација

  • Наоди од вешти лица (доколку ги има)
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

 Во случај на пријава на смрт  по горенаведените основи, потребно е да се достават и    следните документи:

  • Извештај од лекар кој ја констатирал смртта,
  • Резулати од извршена обдукција (доколку е извршена)
  • Извод од матична книга на родени или венчани на покојниот
  • Извод од матична книга на умрените
  • Изводи од матична книга на родени и венчани на оштетените кои поднесуваат барање (за да се утврди по кој основ побаруваат оштета)
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

Дополнителна документација
Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Потребни формулари за пријава на штета

Каско штета и делумно каско

  • Пријава за штета / барање за надомест на штета
  • Записник од МВР/службена белешка/доказ за извршено алкотестирање
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Осигурително покритие на полисата
  • Изјава за начинот на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

 

Дополнителна документација

  • Комисики записник за проценка на возилото
  • Слики од оштетеното возило
  • Документација за поправка на возилото-фактури
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

 Потребни документи за пријава на штетата

Здравствено патничко осигурување

  • Оригинал /Копија од полисата (по претходна проверка за прифатена полиса)
  • Комплетно пополнета пријава со точен датум на пријава и задолжително пријавување по електронска пошта до одговорното лице
  • Копија од пасош со доказ за почеток на престојот во странство и доказ за враќање во Република Северна Македонија
  • Оригинална медицинска документација (извештај) со дијагноза и детален опис на медицинскиот третман
  • Комплетна историја на болеста на пациентот со дневните обсервации од лекарот кој го лечел осигуреното лице и видот на препишаната терапија (лекови)
  • Оригинални фактури / потврди кои:
    • гласат на име и презиме на осигуреникот содржат детален опис  на болеста (акутната забоболка)
    • точни поединости околу извршениот медицински или стоматолошки третман како и видот на препишаниот лек
    • точни датуми на извршениот третман
    • сето ова да е заверено со печат и потпис на овластениот лекар или фармацевт
  • Званичен извештај од полицијата за видот на настанатиот несреќен случај, во случај кога повредата на осигуреникот е резултат на несреќен случај,
  • Документ со службена потврда за причината за смртта, извештај на лекар за констатирана смрт (доколку осигуреникот е починат)
  • Копија од трансакциона сметка со изјава дека лицето е согласно надоместот за пријавената штета да му се исплати на таа сметка

 

Дополнителна документација

  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса)
  • Документи за идентификација (за физички лица)
  • Документ за процена на штета
  • Записник од МВР  (по потреба)

Потребни документи за пријава на штета

Посеви

  • Пријава на штета
  • Полиса или број на полиса
  • Записник за обем на оштетувањата
  • Записник од хидрометеролошки завод
  • Трансакциска сметка/жиро сметка

Дополнителна документација

  • Записник за извршен увид /Потврда издадена од МВР (по потреба)
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Потребни документи за пријава на штетата

Осигурување на лица на последици на несреќен случај -Незгода

  • Целосно потполнета и потпишана пријава,
  • Потврда од работодавачот односно договорувачот на полисата со точно наведување на бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета (во случај да се пријавува штета од еден штетен настан по неколку полиси, потребно е да се достават исто толку потврди колку што ќе се пријават штети)
  • Копија од потпишаната  полиса  од страна на фирмата ( договорувач на осигурувањето),
  • Копија од целосна медицинска документација од првиот до последниот ден додека траело лекувањето
  • РТГ-снимки или ЦД-а од настаната повреда
  • Трансакциска сметка
  • Дополнителна документација која може да биде во интерес на одредување точен процент на инвалиднот, како и пресметување на дополнителни трошоци за лекување и дневен надомест, доколку истите се предвидени со полисата за колективно осигурување.
  • Доколку во полисата е вклучен и осигурениот ризик за  дневен надомест и доколку  е користено боледување, да се достават извештаите за привремена спреченост на работа.
  • Доколку во полисата е вклучен и ризикот трошоци за лекување, задолжително е доставување на оригинални сметки за сторените трошоци.
  • Извод од матична книга на родени (за малолетни лица – ученици, деца во градинка и сл.)

Дополнителна документација

  • Во случај да недостасува документација која е важна за процесот на ликвидација на оштетното поабрување, се врши нејзино докомплетирање.
  • Доколку пријавата се врши од страна на адвокат , задолжително е достава на уредно издадено  полномошно ,  истиот  е должен во моментот на пријава на штетниот настан да достави и копија од трансакциската сметка на осигуреникот
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

 

Во случај на пријава на смрт  по горенаведените основи, потребно е да се достават и следните документи:

  • Извештај од лекар кој ја констатирал смртта,
  • Резулати од извршена обдукција (доколку е извршена)
  • Извод од матична книга на родени или венчани на покојниот
  • Извод од матична книга на умрените
  • Изводи од матична книга на родени и венчани на оштетените кои поднесуваат барање (за да се утврди по кој основ побаруваат оштета)
  • Копија од здравствен картон
  • Трансакциска сметка

Дополнителна документација

  • Доколку смртта е настаната од сообраќајна незгода да се достави копија од возачка дозвола и извешај за алкотестирање и полициски записник за извршен увид од страна на МВР
  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за           Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Потребни документи за пријава на штетата

Дополнително осигурување /Осигурување на лица од тешки болести и хируршки интервенции

  • Пријава за штета
  • Комплетна медицинска документација
  • Копија од здравствен картон
  • Осигурителна полиса
  • Потврда издадена од работодавачот договорувачот на полисата со точно наведување на бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета во случај да се пријавува штета од еден штетен настан по неколку полиси, потребно е да се достават исто толку потврди колку што ќе се пријават штети
  • Трансакциска сметка

Дополнителна документација

  • Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје

Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.

Потребни документи за пријава на штета

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса)
  • Фактура или мислење од сервисерот за состојбата на средството (во случај на извршена поправка)
  • Документ за процена на штета
  • Записник од МВР / по потреба

Потребни документи за прјава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила :

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (КОПИЈА) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Собракајна дозвола (КОПИЈА) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за ЗА ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (КОПИЈА) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен Товарен Лист
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба
  • Доставените документи треба да се во оригинал освен оние каде е наведено дека е потребно да се достави КОПИЈА.

Потребни документи за пријава на штета

  • Пријава за штета – Образец
  • ОШТЕТНО БАРАЊЕ на оштетеното лице
  • Превозни документи (ТОВАРЕН  ЛИСТ, СПЕЦИФИКАЦИЈА)
  • Царинска фактура или друг доказ за вредноста на пратката
  • Писмена изјава на возачот за причината и околностите за настанување на штетата
  • Записник – ХАВАРИСКИ ИЗВЕШТАЈ за процена на штета
  • Докази врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење одговорност на осигурената страна за настанатата штета
  • ЗАПИСНИК ОД ПОЛИЦИЈА, ако настанала сообраќајна незгода, пожар или кражба
  • Останати Докази и Изјави кои осигурувачот ќе ги побара за појаснување на отштетното побарување.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Број на полиса
  • Документ за процена на штета

Ве молиме следете ги насоките за комплетирање на документацијата и внимателно и точно пополнете ги пријавите за штета. На тој начин ќе придонесете Вашата штета да биде побрзо обработена и решена.

За помош бидете слободни да ни се обратите на нашиот контакт центар 15 999 или да ни пишете порака на вибер, месинџер или скајп.

ПРИГОВОРИ

Доколку имате приговор по штета и сакате да го поднесете по електронски пат, бидете слободни тоа да го сторите на следнава адреса: prigovori-steti@winner.mk

TOP